(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати

Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.

Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.

Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.

Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.

Scroll to Top