(Видео) Меган Маркл со ѓердан од 63.000 долари, го носеше со обична бела маица

Меган Маркл повторно го привлече вниманието на јавноста со комбинација од едноставна мода и скап накит во новата промотивна кампања за нејзиниот бренд за животен стил „As Ever“.

Војвотката од Сасекс се појави во видео објавено на Инстаграм во лежерна бела маица и светло сини панталони, но целиот стил го комплетираше со дијамантски ѓердан вреден речиси 63.000 долари.

„Поранешната ѕвезда од серијата „Suits“ носеше маица од Anine Bing „Amani“ и елегантни панталони од модната куќа The Row во вредност од 1.350 долари“, пишува американскиот Page Six.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @aseverofficial

Сепак, најголемо внимание привлече луксузната дијамантска огрлица „Fortuna“ од Logan Hollowell, чија цена е 62.950 долари.

Меган ја надополни комбинацијата со дијамантски обетки од Birks во вредност од 6.900 долари, како и препознатливата Cartier Love нараквица од злато, чија цена е речиси 8.000 долари.

Во промотивното видео за „As Ever“, Меган Маркл е прикажана во неколку различни модни комбинации – од бели ленени панталони и син џемпер додека бере цвеќе, до фармерки и црна блуза.

Во една од сцените, таа носи и бел фустан со отворени рамена што потсетува на венчаницата што ја носеше на свадбата со принцот Хари во 2018 година.

Заедно со објавата, Меган им го претстави „светот на As Ever“ на фановите.

„Сè започна со овошје од градината на Меган и домашни џемови од нејзината кујна, а денес прерасна во внимателно одбрани колекции што внесуваат радост во секојдневниот живот“, се наведува во описот на кампањата.

Брендот „As Ever“ беше лансиран во април 2025 година откако Меган ги претстави своите производи во серијата на Нетфликс „Со љубов, Меган“.

Иако втората сезона од серијата беше емитувана минатата година со специјална празнична епизода, проектот нема да добие трета сезона.

Американските медиуми претходно објавија дека Нетфликс ја прекинал соработката со брендот „As Ever“.

фото/Depositphotos

Scroll to Top