Ен Хатавеј неодамна присуствуваше на ревијата на Ралф Лорен во рамките на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече креација која комбинира чист сексапил и темен гламур.
Станува збор за специфично парче облека кое ја следи линијата на телото, а е украсено со висока јака и целосно отворен грб. Покрај тоа, има слоеви од чипка кои ја продолжуваат должината на целиот фустан и дискретно откриваат црна долна облека.
Но тоа не е сè…
Таа додаде и на стајлингот, да речеме, интересна наметка која ги обвиваше нејзините раце и му даде на целиот аутфит доза на елеганција.
Оваа фатална креација ја надополни со шминка во нежни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура која паѓаше по рамената.
Во еден момент за време на фотосесијата, стави очила и изгледаше како вистинска дива каква што сите ја посакуваат!







