Светската музичка ѕвезда Рита Ора испрати специјална видео порака до македонската публика во пресрет на нејзиниот голем концерт, кој ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Во своето обраќање, Рита не ја крие возбудата што доаѓа во Македонија и порача:
„Превозбудена сум за концертот во Охрид и се радувам што сум толку блиску до дома. На концертот ќе биде моето семејство и пријателите.“
View this post on Instagram
Концертот во Охрид ќе биде еден од најголемите музички спектакли ова лето, а публиката ќе има можност во живо да ги слушне најголемите хитови на една од најуспешните светски поп-ѕвезди.
Концертот ќе понуди современа продукција, спектакуларни визуелни ефекти, врвна сценографија и шоу какво што доликува на артист од светски калибар. Организаторите најавуваат вечер исполнета со многу енергија, музика и незаборавни моменти, а интересот за настанот е огромен.
Покрај Рита Ора, на сцената ќе настапат и Senidah и 2Bona, што ја прави оваа концертна вечер една од најочекуваните музички случувања во регионот ова лето.
Концертот ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.







