Кога станува збор за фризури, не само за свечени пригоди, туку и за секој ден, брановите во косата станаа вистински класик. Тие најдобро се создаваат од вештите раце на фризерите во салонот, но ако сакате да ги носите секој ден, сигурно барате разни туторијали, совети и трикови со помош на кои ќе изгледаат барем толку добро како од салонот.
Трикот беше споделен на TikTok профил од Glamour UK. За почеток, врзете ја косата во висока опашка и навиткајте ја додека е собрана во опашката, со фигаро или пегла, во зависност од тоа што претпочитате да користите.
Оваа техника може да звучи премногу едноставна за да биде ефикасна, но има неколку предности. Прво на сите, високата опашка е многу лесна за создавање, а исто така е полесна за навивање од лабавата коса. Имено, полесно е косата да се подели на неколку делови додека е врзана во опавче отколку кога е лабава.
@glamouruk How to curl your hair in 2 minutes (even if you suck at curling hair) with GLAMOUR’s Deputy Beauty Editor @elleturneruk #hairhack #hairhowto #howto ♬ Supalonely (feat. Gus Dapperton) – BENEE
Исто така, делот од косата поблиску до коренот е во опашката, па ќе го постигнете посакуваниот ефект косата да е виткана од средината на должината надолу, што изгледа порелаксирано и модерно, особено кога станува збор за секојдневни фризури.
Чекори што треба да се следат:
- Врзете ја косата во високо опавче
- Поделете ја косата на пет или помалку делови, по желба. Помалку делови значат поопуштени бранови
- Започнете да ги извиткувате прамените со пегла или фигаро
- Откако ќе ја извиткате целата коса, олабавете ја опашката
- Доколку сакате, можете дополнително да ги извиткате прамените што го врамуваат лицето
Најдоброто е што целиот процес се прави за помалку од пет минути, не бара посебни фризерски вештини, а целиот туторијал е идеален дури и за целосни почетници, пишува Glamour.







