Кејт Мидлтон и принцот Вилијам неодамна беа домаќини на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и неговата сопруга Елка Буденбендер, а вистински моден спектакл се случи за време на банкетот во замокот Виндзор.
Позната по својот дамски стил, принцезата од Велс блескаше во син фустан од британската дизајнерка Џени Пакам. Таа го комплетираше стајлингот со дискретни додатоци, впечатлива шминка и брановидна коса што паѓаше под нејзините рамена.
Сепак, ѕвездата на нејзиниот вечерен стајлинг беше скапата тиара со 2.600 дијаманти – скапоцен камен од викторијанскиот период што ја виде светлината на денот за прв пат по речиси две децении.
Оваа тиара е најважниот накит во кралското семејство, а е дизајниран од принцот Алберт во 1853 година за неговата сопруга, кралицата Викторија.
Фактот дека Кејт Мидлтон го носеше ова скапо парче накит јавно за прв пат може да значи само едно – таа полека се подготвува за својата идна улога како кралица, бидејќи само таа има пристап до највредните парчиња накит од кралската ризница.







