(Видео) „Ти биди СВОЈ“ – Мијата со нова песна и спот

„Ти биди СВОЈ“ е насловот на новата песна на Мијата за која сними и спот. Пејачката вели дека „Ти биди СВОЈ“ е музичко парче од нејзината душа кое мотивациски е продолжение на „Верувам во себе“.

 

„Среќна сум што „Ти биди СВОЈ“ е целосно отсвирено во живо во студиото Подрумот во Скопје. За вокалите, музика, текст и дел од аранжманот бев секако задолжена јас. Виолината ја отсвире Гоце Вангеловски. На пијаното е Бојан Димитровски. Гитари отсвиреа Кире Мирчовски и Јаков Ѓорговски, а бас гитарата и тапаните се на Иво Митковски. За да зазвучи кантри секако моравме да најдеме и бенџо, кое го отсвире Рики Миер од Калифорнија што донесе автентичност и симболизам дека звукот и музиката не познаваат граници. Аудио инженер и аранжер е Ангел Ќосев со кого веќе неколку пати соработувам“, вели Мијата.

Додава дека за видеото избрала две локации во Македонија каде се чуствува енергетски позитивно и силно, а тоа се Пробиштип и Кучково.

Режисерка на видеото е Мијата, директор на фотографија е Сашо Доковски, а монтажата на Горан Цветковиќ.

„Самото видео сакав да ја пренесе енрегијата што значи за мене кога јас сум СВОЈА, растеретена од сите предрасуди и норми, едноставно комотна во своја кожа, и да ги поттикнам и моите сограѓани да го пронајдат тоа чуство секој за себе“, вели Мијата.

 

фото/Валентина Попова

Scroll to Top