Прекрасната Петра Немцова се појави на Канскиот филмски фестивал и ги остави сите присутни без здив. Може да се каже дека нејзината креација беше вистински рај за очите.
Петра присуствуваше на премиерата на филмот „Гаранција“, а за таа пригода одлучи да облече нереална креација во бела боја. Станува збор за макси фустан украсен со долг дел, но и интересни цветни детали. Фустанот е направен од проѕирна ткаенина, но токму овие преголеми детали ги кријат интимните делови од телото.
Изгледот го надополни со ненаметлива шминка во нежни тонови, дијамантски додатоци и прекрасно стилизирана фризура. Ги поздрави сите со блескава насмевка и ја воодушеви јавноста.
Петра помина низ вистински пекол во 2004 година. Таа беше во Тајланд со својот вереник, фотографот Сајмон Атли, кога беа погодени од разорно цунами.
Нејзиниот вереник го загуби животот, а Петра едвај успеа да преживее. Осум часа, со повредена карлица, се држеше за палма, чекајќи помош. Пристигна хеликоптер да ја земе, а таа беше однесена во болница со сериозни внатрешни повреди.
По овој настан, Петра ја основа Фондацијата „Среќни срца“, која им помага на луѓето низ целиот свет по природни катастрофи.







