(Видео) Транспарентно, но не и вулгарно: Деми Мур е икона на стилот

Меѓу многуте познати личности кои блескаа на црвениот тепих на доделувањето на наградите WWD Style Awards во Санта Моника беше и Деми Мур, без која, се чини, ниту еден настан не може да помине.

Беспрекорно стилизирана, таа пристигна во друштво на својот стилист Бред Горески, благодарение на кого повторно остави фантастичен впечаток. На церемонијата на доделување награди пристигна не само како еден од гостите, туку и од многу важна причина – да ѝ биде врачена наградата за модна икона.

„Да беше оставена сама на себе, дефинитивно би се облекувала како дванаесетгодишно момче“, се пошегува стилистот на Деми Мур и ја насмеа публиката. И јасно е зошто го кажа тоа… Стилот на Деми Мур во последно време е многу женствен, впечатлив, луксузен, елегантен, провокативен – и воопшто не е вулгарен.

Таа е тренди и носи проѕирни фустани, но на софистициран начин. И не е изненадување што и овој пат освои комплименти и магнетски привлече внимание.

Таа носеше долг вечерен фустан направен од полупроѕирен материјал дискретно исполнет со светки и ја комплетираше провокативната креација само со соодветен накит во форма на обетки и ѓердан.

Во раката имаше црна мат чанта, како и црни шпицести чевли, и ни докажа дека проѕирниот фустан може да биде елегантен и софистициран.

Scroll to Top