Актерот Бредли Купер неодамна присуствуваше на финалната вечер на 63-от Филмски фестивал во Њујорк, а на премиерата на филмот „Is This Thing On?“ се појави во класична машка комбинација. Носеше црна маица и кафеави панталони, а стајлингот го заокружи со палто, исто така во кафеава боја.
Сепак, неговата облека падна во втор план, бидејќи корисниците на интернет забележаа значителна промена во неговиот физички изглед. Откако @enews објави интервју со актерот, многумина беа изненадени.
Еден корисник напиша: „Искрено, дури и не го препознав“, а друг додаде: „Некој напиша дека сега личи на Чарли Шин – а сега не можам да го извадам тоа од глава“.
@enews Bradley Cooper’s daughter Lea has had filmmaking and movies in her life from the very beginning.
Па, што се случило?
Корисниците тврдат дека Купер имал козметички процедури во пределот на очите, бидејќи изгледа поинаку. Некои тврдат и дека ова е природен процес, бидејќи лицето се менува со текот на годините – генетика, стрес, начин на живот итн.
фото: принтскрин