Босанско-херцеговската пејачка Џејла Рамовиќ објави нова песна „1004“. Нејзините обожаватели веќе предвидуваат дека овој сингл ќе биде исклучително успешен.
„’1004’ е песна за моментот кога престануваш да се враќаш на истото место. За моментот кога знаеш дека нема што повеќе да се поправи и за прв пат навистина го прифаќаш тоа“, напиша Џејла, меѓу другото, и им се заблагодари на своите соработници.
Музиката ја напиша Мира Мијатовиќ, а текстот Сашко Николиќ. Аранжманот го направи Сашко Николиќ. Видеото е режирано од Миомир Милиќ.
„Конечно, им должам најголема благодарност на оние од вас кои ме слушавте и ме поддржувавте со години. Се надевам дека и оваа песна ќе го најде патот до вашите срца и искрено се радувам да чујам како ви се допаѓа. Слушнете ја ‘1004’ и пишете ми ги вашите впечатоци! Вечерва по полноќ песната ќе биде достапна и на сите дигитални платформи“, изјави пејачката. Коментарите на YouTube се полни со пофалби.
„Џејла ќе биде најголемата ѕвезда на овие простори за неколку години“, „Прекрасна како и секогаш“, „Хит во најавата“, „Балканска принцеза“, „Браво, Џејла“, се некои од нив.







