Поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам не се откажува од својот син Бруклин Бекам и покрај жестоките расправии и обвинувања.
„Да бидам татко е најважната работа за мене… Ве сакам сите и ви благодарам, мамо Викторија, што ми го даде нашето прекрасно семејство. Среќен Ден на татковците на сите татковци низ целиот свет“, напиша Дејвид Бекам во опис на фотографија на Инстаграм.
Викторија Бекам, исто така, објави фотографија по повод Денот на татковците.
„Дејвид, ти си навистина најдобриот татко. Твоето најголемо достигнување отсекогаш биле нашите прекрасни деца и многу те сакаме. Среќен Ден на татковците“, напиша таа.
Бруклин не ги коментираше објавите на своите родители. Претходно, тој ги обвини дека се обидуваат да го саботираат неговиот брак со Никола Пелц.
Викторија за прв пат проговори за караницата во неодамнешното интервју за „Волстрит џурнал“, велејќи дека таа и Дејвид многу ги сакаат своите деца и отсекогаш се обидувале да бидат најдобри родители. Од друга страна, Бруклин индиректно се осврна на караницата во реклама за „ДорДаш“.
„Веројатно се прашувате зошто го гледам Светското првенство во фудбал во 2026 година дома. Не е тоа што немам билети. Хм… Тоа е затоа што… Тоа е долга приказна“, рече тој. Потоа му ја отвори вратата на доставувачот, му ги понуди билетите и рече: „Може да одат кај некој друг“.







