Ева Херцигова се омажи по 25 години врска, објавени фотографии од свадбата

Порнешниот супермодел Ева Херцигова се омажи за својот долгогодишен партнер, претприемачот Грегорио Марсијаж, по 25 години врска. Двојката го кажа своето судбоносно „да“ во саботата во црквата Сан Вито во Италија, со нивните синови Џорџ, Филипе и Едвард, како и членови на семејството и блиски пријатели.

Познатата 53-годишна манекенка за својата свадба избра бел фустан од модната куќа Ланвин со длабоко деколте и драматичен плашт. Не можеше да ја тргне насмевката од лицето додека ја напушташе историската црква држејќи се за раце со својот нов сопруг.

Марсијаж носеше елегантен темно сив костум и бела кошула, а комбинацијата ја комплетираше со светло сива вратоврска и бел цвет на реверот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Herzigova (@evaherzigova)

По црковната церемонија, свадбената поворка се упати кон Палацо Карињано, каде што се одржа граѓанската церемонија во историската сала Сала деи Плебисити. Потоа младенците приредија интимна вечера за гостите во ресторанот Дел Камбио, со Мишелин ѕвезди.

Ева и Грегорио се запознаа во 2001 година во италијанскиот крајбрежен град Вариготи, а се свршија во 2017 година. Ова не е прв брак за Херцигова, која е по потекло од Чешка. Претходно беше во брак со Тико Торес, тапанарот на бендот Бон Џови.

 

Херцигова стана позната во 1994 година благодарение на иконската кампања „Здраво момчиња“ за Wonderbra, по што стана една од најпознатите модели во светот. За време на нејзината кариера, таа соработуваше со многу водечки модни куќи, вклучувајќи ги Луј Витон, Долче и Габана, Диор и Шанел.

Грегорио потекнува од добро познато претприемачко семејство од Торино кое ја основало „Сабелт“, компанија специјализирана за производство на безбедносна опрема за тркачки автомобили.

 

фото/Depositphotos

Scroll to Top