Дневната соба е простор наменет за релаксација и одмор по долгиот ден; затоа, нејзиното средување на крајот од денот е корисно.
Ако ја оставите дневната соба неуредна, може да почувствувате стрес наместо смиреност додека престојувате во неа. Според експертите за ментално здравје, расчистувањето на неколку предмети на крајот од секој ден може да донесе моментален мир и за просторот и за вашиот ум.
Експертите истакнуваат дека однесувањето на валканите садови во мијалникот може значително да ви помогне да го завршите денот позитивно и да се подготвите за успешен почеток на наредниот ден.
Експертите за организација на домот велат дека расчистувањето на садовите не само што го отстранува физичкиот неред, туку служи и како ментален потсетник за обврските околу чистењето што ве очекуваат. Почнете да ги тргате настрана електронските уреди – вклучувајќи ги телефонот и телевизорот – најмалку еден час пред спиење за да му дозволите на телото и умот да се опуштат.
Ова не само што ќе доведе до подобар сон, туку и ќе создаде чувство на свежина и нов почеток следниот ден. Десетминутното расчистување на нередот или отпадот што се наталожил во дневната соба во текот на денот помага да се освежи просторот и да се намали стресот, пренесува Real Simple.
„Средувањето на просторот носи моментално олеснување и чувство на смиреност бидејќи ги елиминира скриените извори на стрес и неред“, изјави еден експерт.
Ова може да вклучува предмети како што се оставени чорапи, чевли, отпадоци и книги, како и играчки за домашни миленици или за деца. Дополнително, самото тргање на компјутерот може да ви помогне да се исклучите од работните мисли и да преминете во режим на релаксација. „Свежо наместениот кревет или уредната софа исто така имаат посебна вредност. Виткањето на ќебињата и враќањето на украсните перничиња на нивното место може да создаде чувство на ред и да го намали визуелниот неред“, наведуваат експертите.







