Покрај соодветната нега, постојат трикови кои ја прават кожата мазна и светла, за да не забележите колку коректор има.
Малкумина би рекле дека Кејт Хадсон има 47 години, бидејќи нејзината сјајна и затегната кожа речиси и не ги открива нејзините години. Актерката редовно воодушевува со својот беспрекорен тен, а сега нејзината долгогодишна шминкерка откри која е тајната.
Наоко Скинту, која работи со бројни познати ѕвезди, меѓу кои Џерин Ха, Чејс Инфинити и Сара Мишел Гелар, вели дека клучот за младешки изглед е да се носи што е можно помалку шминка.
„Кејт често ми кажува дека благодарение на мене се чувствува како воопшто да не носи шминка, а тоа е најголемиот комплимент што можам да го добијам“, откри Наоко.
Според неа, тајната не е во дебел слој пудра, туку во добро хидрирана кожа.
„За зрела кожа, хидратацијата е најважна. Наместо тешки подлоги, користам прајмер, производ со светла нијанса за да го изедначам тенот, а коректор нанесувам само таму каде што е навистина потребен. Целта е кожата да изгледа природно и свежо“, објасни шминкерката.
Таа исто така разби еден од најчестите митови кога станува збор за шминка за зрела кожа – дека пудрата во прав треба целосно да се избегнува.
„Секогаш користам транспарентна пудра во прав затоа што изгледа многу поприродно. Како што минуваат годините, најважно е кожата да изгледа здраво и сјајно“, вели Наоко.
Конечно, таа истакнува дека едноставноста е најголемата тајна за беспрекорен изглед.
„Помалку е повеќе. Кога користите помалку производ, шминката нема да се собира во брчки, туку лицето ќе изгледа поприродно, посвежо и многу поубаво“, заклучи таа.







