Ким Кардашијан постојано е исмејувана како мајка: таа им „врати на сите“ со фотографија со своите деца

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан често е мета на критики кога станува збор за нејзината облека, но и кога станува збор за родителството. Сè уште не е познато како Канје Вест го прифатил фактот дека Ким ѝ дозволила на нивната ќерка Норт да отвори Инстаграм профил.

Додека чекаше исход од оваа ситуација, Ким сакаше малку да се опушти со своите деца и да покаже како изгледа да се фотографираат кога сака да ги собере сите свои деца. Многумина го протолкуваа ова како одговор на честите критики кон неа како мајка.

„Навистина се обидов“, напиша Ким во описот на објавата во која позира со четирите деца што ги доби во бракот со Вест.

Сепак, ниту една од фотографиите не беше целосно успешна и на секоја недостасува едно дете, додека некој друг прави различни гримаси што дефинитивно не се она што Ким сакаше да го види.

Норт исто така беше таму, а бурата околу неа сè уште не стивна. Таа повторно ги имаше своите препознатливи руси локни и тешка шминка за 12-годишно девојче, но на Ким се чини дека не ѝ е гајле за коментарите што ги добива на социјалните мрежи.

Scroll to Top