Актерката Кира Најтли ги собра симпатиите на публиката кога конечно проговори за родителството, но и за борбите со кои се соочила, за кои толку малку се зборува. Актерката отворено проговори за постпородилната депресија со која се соочила.
„Мислам дека не им даваме доволно признание на жените за физичкиот и емоционалниот маратон низ кој минуваат кога стануваат мајки“, рече таа во едно интервју во 2019 година, кога нејзината најстара ќерка Еди имаше само три години. Седум години подоцна, Најтли е мајка на две девојчиња – Еди, која сега има 11 години, и Делаила, која има шест години. Таа ги има двете ќерки со својот сопруг, музичарот Џејмс Рајтон.
Иако бебешките години сега се далеку зад неа, Кира очигледно не заборавила колку биле исцрпувачки тие први денови. Во подкаст за родители, таа отворено зборуваше за навидум едноставна работа за која вели дека може целосно да го одреди родителското искуство – дали бебето спие или не.
Во подкастот „Среќна мајка, среќно бебе“, Кира објасни дека нејзината прва ќерка не била бебе кое природно спиела добро. Таа се сети како добронамерните луѓе често ја прашувале: „Дали си ја пробала рутината за спиење?“ Тоа прашање, како што призна, ја излудувало.
„Никогаш во животот не сум почувствувала таков гнев“, призна таа.
Дури кога нејзината втора ќерка станала бебе кое спиело добро – иако Кира не променила ништо во начинот на кој ја воспитувала – сфатила колку многу работи навистина се надвор од нејзина контрола.
„Мислам дека децата едноставно се раѓаат такви какви што се“, рече таа.
„Може ли само да им кажам на сите луѓе таму – родителството е полесно ако имате дете кое спие. Сто проценти. Ако сте спиеле доволно во текот на ноќта, можете да се справите со сè во текот на денот. Ако не сте спиеле, сè е тешко и не е ваша вина.“
фото/Depositphotos







