Интернетот беше преплавен со лажнат информација дека авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, боледува од рак. Веста започна со ироничен твит на платформата „Икс“ кој брзо стана вирален и предизвика коментари полни омраза и исмевање.
Портпаролот на Роулинг веднаш реагираше и за медиумите потврди дека станува збор за целосна измислица: „Ова известување не е точно. Џ. К. Роулинг нема рак.“
И покрај демантот, штетата веќе беше направена – социјалните мрежи беа преплавени со објави што наводно ја „славеа“ нејзината смрт. Нивото на омраза се поврзува со долгогодишните контроверзии околу нејзините ставови за трансродните лица, поради кои таа често е мета на жестоки критики.