„Мислев дека ме мрази“: Денес се обожаваат, но на почетокот тој не сакаше да ја погледне

Музичкиот продуцент Бени Бланко е среќно оженет со пејачката Селена Гомез, а нивната љубовна приказна привлекува големо внимание уште од самиот почеток. Откако Селена помина низ вистински пекол на љубовниот фронт, таа конечно ја пронајде среќата со Бени.

Но, кога првпат се запознаа, никој немаше поим дека ќе се венчаат. Бени зборуваше и за ова во интервју за подкастот „On Purpose“.

„Разговарав со неа и реков дека имам толку многу одлични пријатели кои се слободни и секогаш организираме вечери кај мене, за да може понекогаш да дојде. Мислев дека ме мрази. Воопшто не размислував за ништо романтично со Селена и разговаравме за идеалниот состанок и сè друго“, рече Бени.

Сепак, сè беше погрешно и се покажа дека Селена е вистинската личност за Бени, на задоволство на сите нејзини обожаватели.

Селена Гомез и Бени Бланко се венчаа минатата година на интимна церемонија во Санта Барбара, а невестата изгледаше зачудувачки во венчаница дизајнирана од Ралф Лорен.

Нејзината најдобра пријателка Тејлор Свифт исто така беше присутна.

Scroll to Top