Најдоброто овошје за жешките летни денови: Помага против дехидрација

За време на летните горештини, покрај доволниот внес на вода, и исхраната може да помогне во спречување на дехидрацијата. Нутриционистите препорачуваат сезонско овошје богато со вода, витамини и минерали.

Најдобар избор се лубеницата и дињата, кои содржат повеќе од 90 проценти вода, како и калиум, витамин Ц и антиоксиданси. Добра опција се и цитрусите – портокали, грејпфрут и мандарини, кои дополнително го снабдуваат организмот со витамин Ц.

Се препорачуваат и јагоди, боровинки, малини, капини, како и праски, бидејќи содржат многу вода, растителни влакна и хранливи материи.

Сепак, експертите нагласуваат дека овошјето не може да ја замени водата. Во периоди на високи температури потребно е редовно да се внесуваат течности, а да се избегнуваат засладени пијалаци и алкохол.

Scroll to Top