Иако се чини дека желбата за секс кај мажите е секогаш иста, кај жените не е.
Како што веројатно сите знаат, постојат многу нехормонални фактори кои влијаат на сексуалниот нагон. Добро е утврдено дека либидото се намалува со возраста, особено по менопаузата.
Сепак, неколкуте студии што се обидоа да ги испитаат промените во нивото на хормони и сексуалната желба во текот на месечниот циклус, најчесто се покажаа како неубедливи. Сè додека една студија објавена во 2013 година во списанието „Hormones and Behavior“ не пронајде докази за корелација помеѓу двете, објавува „Гардијан“.
Значи, ако жените не се расположени за секс за време на викендот, тоа не е проблем. Најновото истражување вели дека постои врска помеѓу водењето љубов и денот во неделата или месецот.

Женското либидо е под влијание на разни надворешни, како и внатрешни фактори, додека желбата за секс кај мажите се чини дека е иста, силна и секогаш изразена.
Ако мислевте дека жените се расположени за секс за време на викендот, тогаш сте се излажале. Всушност, станува збор за одредени денови во месецот. Либидото е на највисоко ниво непосредно пред и за време на вашите плодни денови, или поточно, многу брзо откако ќе завршат „тие денови“.
Сепак, покрај хормоните, широк спектар на фактори влијаат на вашата желба за секс, вклучувајќи го и денот во неделата. Студија спроведена на голем примерок слободни и жени во сериозни врски покажа дека слободните жени најверојатно имаат секс во понеделник и среда, додека оние во врска ја чуваат акцијата за петок или сабота.







