Тонот на гласот, малите промени во однесувањето или нелогичните детали се доволни за да разберат дека вистината не е целосна. За кои знаци станува збор.
Додека некои луѓе веруваат на зборови без многу преиспитување, постојат хороскопски знаци кои речиси инстинктивно чувствуваат дека нешто не е „во ред“. Нивната способност да читаат меѓу редови често ги изненадува оние околу нив, особено затоа што ретко прават грешки во своите проценки.
Подолу, истакнуваме три хороскопски знаци кои се најбрзи во препознавањето лаги.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по нивната исклучително остра интуиција и способност да „читаат“ луѓе. На нив е речиси невозможно да им продадете неубедлива приказна бидејќи брзо го забележуваат несовпаѓањето помеѓу зборовите и однесувањето. Нивното внимание е насочено кон детали што другите ги игнорираат – поглед, пауза во говорот или промена на енергијата во разговорот.
Покрај интуицијата, Шкорпиите имаат силна потреба за вистината. Лагите се особено иритирачки за нив бидејќи го поткопуваат нивното чувство за контрола и доверба. Дури и ако не реагираат веднаш, ретко забораваат што забележале и често чекаат вистински момент да ја разоткријат вистината.
Девица
Девиците препознаваат лаги преку логика и анализа. Нивниот ум постојано поврзува информации, споредува изјави и бара конзистентност. Ако деталите во приказната не се совпаѓаат, Девиците тоа веднаш го забележуваат.
Нивната способност да забележуваат лаги не се базира на емоции, туку на прецизно набљудување и меморирање на фактите. Девиците ретко обвинуваат без причина, но кога се сомневаат во нешто, многу често се во право. Нивната смиреност дополнително ги збунува оние кои се обидуваат да ја сокријат вистината.
Риби
Иако многумина ги сметаат за сонувачи, Рибите имаат исклучително развиено чувство за емоциите на другите луѓе. Тие слушаат не само зборови, туку и што се крие зад нив. Кога некој лаже, Рибите често чувствуваат внатрешна непријатност или емоционален раздор што им сигнализира дека нешто не е искрено.
Нивната сила лежи во емпатијата и способноста да се поврзат со емоционалната состојба на друго лице. Ако почувствуваат дека емоциите не ги следат изговорените зборови, тие брзо стануваат претпазливи. Рибите можеби нема веднаш да го соочат соговорникот со лага, но ќе се повлечат и ќе го променат односот, следејќи ги своите внатрешни чувства.







