Обелоденети приватни пораки на Тејлор Свифт во тужбата против Балдони

Пораките што ги разменувале Тејлор Свифт и Блејк Лајвли излегоа на виделина во судските списи во рамки на правниот спор меѓу Лајвли и актерот Џастин Балдони. Спорот произлегол од снимањето на филмот „Ова завршува со нас“, во кој двајцата имаат главни улоги, а Лајвли поднела тужба против својот колега и режисер за сексуално вознемирување и клевета, пишува „Ладбибле“.

Лајвли тврди дека Балдони ја вознемирувал и водел кампања на оцрнување против неа. Тој ги отфрлил сите обвинувања и возвратил со контратужба, тврдејќи дека Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс го избркале од продукцијата на филмот. Според него, актерката била вмешана и во текст во „Њујорк Тајмс“ што го нарекол „лицемерен обид за негова дискредитација“.

Судот ја отфрлил контратужбата во јуни 2025, а Балдони не поднел жалба. Тужбата на Лајвли сè уште е во тек. Следното подготвително рочиште е закажано за 22 јануари, а судењето треба да почне на 18 мај.

Според судските документи до кои дошол „ТМЗ“, објавени се пораки што Свифт ѝ ги испратила на Лајвли во декември 2024, поврзани со напис за Балдони што тогаш требало да излезе во „Њујорк Тајмс“. Во една порака, Свифт напишала:

„Мислам дека оваа ку*ва знае дека нешто се случува затоа што ја извади својата мала виолина“ — алудирајќи дека Балдони се претставува како жртва.

Во друга порака, таа напишала: „Да размислуваше стратешки, Џастин ќе кажеше дека во трејлерот нема Тејлор Свифт зашто тоа ѝ дава повеќе моќ на Блејк во филмот“

Иако презимето во контактот било скриено, правниот тим на Лајвли во судскиот поднесок потврдил дека станува збор за Свифт.

Лајвли во својот исказ изјавила:

„Ѝ го испратив сценариото на Тејлор додека доаѓаше кај мене, бидејќи Џастин сè уште беше во станот, и ја замолив да го прочита. Ѝ реков дека не мора, не сакав да чувствува притисок, но се надевав дека ќе го прочита.“

Пораките покажуваат дека Свифт била подготвена да направи „сè што може“ за Лајвли. Подоцна, Лајвли ѝ напишала:

„Денес беше епски херојска. Му раскажав сè на Рајан. Постојано се присетував на деталите.“ Потоа, зборувајќи за Балдони, таа додава: „Овој кловн паѓа на сè тоа. Но, тој исто така се спротивставува. Ти си апсолутно најдобриот пријател на светот.“

„Овој кловн сè уште се држи, ама и паѓа. Ти си апсолутно најдобрата пријателка на светот некогаш.“

Правниот тим на Свифт тврди дека таа не знаела оти Балдони бил во станот и дека не заземала страна во спорот. Но, во друга размена на пораки, Лајвли напишала дека се чувствувала како „лоша пријателка“, на што Свифт признала дека „се оддалечила“.

Неколку недели подоцна, Свифт ѝ испратила линк до вест дека агенцијата го отпуштила Балдони, со порака:

„Победи. Ти успеа. И им помогна на многу луѓе што нема да мораат да поминуваат низ ова повторно.“

Scroll to Top