Пејачот ослабе 125 килограми и одговори на гласините за Оземпик: „Тоа е единствената дрога што не сум ја пробал“

Кантри ѕвездата Џели Рол, кој минатата недела го замени Џими Кимел и беше домаќин на „Џими Кимел во живо!“, се пошегува за гласините дека ослабел со помош на Оземпик.

„Следен е Џели Рол. Треба да стават предупредување за Оземпик. Несаканите ефекти може да вклучуваат зголемен ризик од TDS (синдром на нарушување предизвикано од Трамп). Ако забележите знаци како раздразливост, депресија или проблеми со спиењето, посетете го вашиот лекар“, го најавија Рол.

Џели Рол не се воздржа, шегувајќи се за тврдењата дека Оземпик стои зад неговото масовно губење на тежината.

„Види, Џеси, пред сè, Оземпик е единствената дрога што не сум ја пробал. Знам дека звучи лудо, но ослабев на старомоден начин – со кокаин“, се пошегува тој.

Музичарот, чие вистинско име е Џејсон Дефорд, со години отворено зборува за своите проблеми со тежината. Во јануари, тој сними краток документарец за Men’s Health за неговата трансформација, за време на која изгубил дури 125 килограми. Во еден момент, тежел 245 килограми, и признал дека неговата тежина и проблемите со исхраната имале силно влијание врз неговиот секојдневен живот и самодоверба.

„Беше постојана тага. И лутина. Бев заробен во сопственото тело. Бришењето на задникот беше проблем. Туширањето беше проблем. Влегувањето во автомобил беше проблем. Секоја одлука во мојот живот мораше да се донесе имајќи ја предвид мојата тежина“, рече тој.

„Буквално се самоубивав. Се прејадував. Немаше дел од мојот живот што не беше засегнат. Се срамам од тоа“, додаде тој.

По неколку неуспешни обиди да ослабе, Џели Рол одлучи да направи сериозна промена во својот животен стил. Ангажирал готвач и нутриционист, ја променил исхраната и почнал редовно да вежба.

„Нешто посебно се случува кога ќе почнете да вежбате. Кога ќе го надминете тој ужас на самиот почеток, доаѓа момент за време на тренингот кога ви е доста, а потоа одеднаш нешто се менува и се чувствувате неверојатно“, опиша тој.

Денес, вели тој, го гледа своето тело сосема поинаку. „Го сакам своето тело. Навистина се потрудив и ослабев на вистинскиот начин. Светот сега изгледа сосема поинаку“, заклучи Џели Рол.

 

фото/ЕПА

Scroll to Top