Прв голем солистички концерт на Јанг Дади во Скопје

Секој артист има момент кога приказната што ја градел досега престанува да биде само негова и станува заедничка со публиката.

За Јанг Дади, тој момент доаѓа на 12 септември, во СЦ „Јане Сандански“, со неговиот прв голем солистички концерт во организација на Avalon International Booking.

На сцената, Јанг Дади ќе настапи во живо со бенд, со продукција што значително го надградува досегашното концертно искуство и визуелен концепт што ја следи неговата музичка естетика. Ќе му се придружат и специјални гости, луѓе што биле дел од неговиот пат уште од почетоците, со што оваа вечер добива и лична димензија.

Публиката ќе има можност да ги слушне неговите најпрепознатливи песни, меѓу кои и „Лидија“, но и нов материјал што веќе го најавува следниот чекор во неговиот развој.

„Во време кога сцената постојано се менува, Јанг Дади успеа да изгради свој простор, со јасен звук, препознатлив израз и публика што расте заедно со него. Затоа, 12 септември не е само датум. Тоа е точка каде што се среќаваат почетоците и следното поглавје“, се вели во најавата за концертот.

Влезниците се пуштени во продажба од 3 јуни, 10:00 часот, онлајн на avalonbooking.mk и преку продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

Scroll to Top