Домашниот мајонез е класика во секоја кујна, кој со својот богат, кремаст вкус може да го подигне секое јадење на повисоко ниво.
Одличен е за сендвичи, сосови и многу други јадења. За разлика од купениот мајонез, домашниот е свеж, природен и полн со вкус, а со вистинските трикови, неговата подготовка е исклучително едноставна и брза.
Тајната на совршениот мајонез лежи во ладните состојки и правилната техника на подготовка, а со овој рецепт, дури и почетниците можат да постигнат резултати како во професионална кујна.
Состојки:
- 1 свежо јајце (собна температура)
- 1 лажичка сенф
- 1 лажица оцет
- 200 мл ладно цедено маслиново или сончогледово масло
- Сол и бибер по вкус
Подготовка:
1. Во тесен сад, идеално чаша за рачен блендер, скршете го јајцето, сенфот, сокот од лимон или оцетот и прстофат сол. Оваа комбинација на состојки ја формира основата за кремаст и стабилен мајонез.
2. Ставете го рачниот блендер на дното од садот и вклучете го. Додека мешате, постепено додавајте го маслото во тенок млаз. Важно е маслото да се додава полека за да се формира соодветна емулзија и да се даде на мајонезот совршена кремаста текстура.
Кога мајонезот ќе стане густ и униформен, можете дополнително да го зачинете со сол и бибер по вкус.
Како се чува и колку долго е добар за консумирање?
Домашниот мајонез најдобро се чува во затворена тегла или стаклен сад во фрижидер, на температура до 5°C. На овој начин, останува свеж и кремаст до пет дена и го задржува својот целосен вкус и арома секој ден по подготовката.
За да се продолжи свежината, се препорачува да користите чисти лажици при вадење на мајонезот и да избегнувате додавање други состојки директно во теглата.
фото: принтскрин







