Тој е помлад од неа и лудо заљубен: Поранешната сопруга на Том Круз официјално има ново момче

Кејти Холмс ја официјализираше својата нова врска на Инстаграм откако со денови кружеа гласини. Сега нема сомнение, познатата актерка е повторно среќно вљубена.

Холивудската актерка Кејти Холмс (47) сподели фотографии на Инстаграм стори од излет со њујоршкиот уметник Џејсон Бард Јармоски (38). На една фотографија, насмеаната актерка позира облечена во свилен комплет во боја на слонова коска со чевли со високи потпетици.

На друга фотографија се гледаат скулптури од уметнички настан на островот Шелтер во државата Њујорк, додека серијата приказни, кои ги сподели од профилот на Јармоски, заврши со фотографија од зајдисонце. Јармоски е роден во Њујорк и е познат како сликар и илустратор, пишува USA Today.

Ова е прв пат Холмс да сподели увид во нивната наводна романса, која првпат ја покажа јавно за време на излет во Њујорк, кога таа и Јармоски беа фотографирани држејќи се за раце на проекцијата на филмот „The Invite“ на Оливија Вајлд.

Неколку недели подоцна, се појавија заедно на вечера организирана од модната куќа Ферагамо. Кога списанието „Ел“ праша за нивните соодветни темно сини комбинации, Холмс се насмевна и одговори: „Мислам дека едноставно имаме сличен вкус“.

Обожавателите на убавата актерка беа нетрпеливи да ја чујат добрата вест откако Кејти помина низ тежок период за време на бракот со Том Круз и нивниот последователен развод.

Scroll to Top