Бруклин Бекам покажа голема тетоважа посветена на неговата сопруга, Никола Пелц, на фотографија направена за време на проба за ревијата на „Баленсијага“ (Balenciaga) во Париз.
Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам пристигна во француската престолнина со сопругата по повод Модната недела; за време на престојот, тие беа на само неколку километри оддалеченост од неговото семејство, со кое моментално е во затегнати односи. Неговите родители и браќа и сестри, исто така, беа во Париз за да ѝ дадат поддршка на Викторија на нејзината модна ревија, пренесува „Дејли мејл“ (Daily Mail).
Бруклин (27) позираше без маица за време на пробата за ревијата на „Баленсијага“, а фотографијата ја сподели неговата сопруга Никола (31), со која е во брак веќе четири години. На фотографијата јасно се гледа голема тетоважа на неговиот грб – една од најмалку 70-те тетоважи што ѝ ги посветил на сопругата.
Таа го прикажува љубовното писмо што Никола му го напишала непосредно пред нивната свадба, а кое Бруклин одлучил трајно да го зачува на својата кожа. „Љубов моја, прочитај го ова секогаш кога чувствуваш вознемиреност. Сакам да знаеш колку длабоко си сакан. Имаш најпрекрасно срце од сите што некогаш сум ги запознала и се надевам дека никогаш нема да морам да поминам ниту еден ден без твојата љубов. Мислам дека си неверојатен“, гласи првиот дел од пораката.
Писмото продолжува: „Само знај дека можеме да надминеме сè заедно ако дишеш бавно и имаш верба. Те сакам повеќе отколку што зборовите можат да опишат. Засекогаш со љубов, твојата идна сопруга“.
Бруклин и Никола пристигнаа во Париз минатата недела, каде што присуствуваа на модни ревии и уживаа во заедничките излегувања. Во средата, тие поминаа романтична вечер заедно и присуствуваа на ревијата на „Баленсијага“ (Balenciaga) одржана во „Тенис клуб де Париз“ (Tennis Club de Paris).
Иако се појавија на бројни настани за време на Модната недела во Париз, Бруклин ја пропушти ревијата на неговата мајка Викторија за време на викендот. Додека Дејвид, Харпер, Ромео и Круз Бекам – заедно со девојките на Ромео и Круз – ја следеа ревијата на Викторија од првиот ред во „Консиержери“ (Conciergerie) во Париз, Бруклин и Никола беа во близина на Лувр.
И покрај тоа што беа во истиот град, не дојде до средба со семејството, а засега нема знаци дека нивниот затегнат однос би можел наскоро да се подобри.
фото/ЕПА







