Зак Ефрон предизвика вистински хаос на интернет со само една објава. Тој сподели фотографија која брзо предизвика огромна реакција кај јавноста.
Актерот Зак Ефрон сè уште не е подготвен да се збогува со летото и летните активности. На Инстаграм, каде што често објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, тој покажа како го поминува слободното време – а изгледа дека планира уште некое време да ужива во сончевите денови.
Тој објави – да речеме – провокативна компилација од фотографии на кои се гледаат неговиот помлад брат Дилан и неколку пријатели. Денот го поминале сурфајќи и забавувајќи се, но токму Зак беше тој што навистина го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи.
Неговите извајани стомачни мускули повторно станаа главна тема на интернет, а и жените и мажите упатуваа комплименти за неговата физичка градба.
„Благодарам за глетката“, „Не ми текнува на ништо соодветно што би можела да кажам. Само ќе речам: одлични фотографии“, „Овие момци се најдобри“ и „Обожавам да го гледам телото на Зак“ беа само дел од коментарите.
Фокус на приватниот живот
Ефрон неодамна зборуваше за промената на своите приоритети, откривајќи дека сега сака да посвети повеќе време на приватниот живот и на личната среќа.
„Ми требаше време да стигнам до оваа точка, но мојата најголема мотивација е да бидам среќен и во професионалниот и во приватниот живот. Предолго се фокусирав само на работата и го занемарував приватниот живот“, изјави тој за списанието „Heat“.
Актерот се осврна и на периодот кога го снимаше филмот „Baywatch“ (Чувари на плажата) во 2017 година. За таа улога го доведе своето тело до крајни граници, што негативно се одрази на неговото ментално здравје.
„Мислам дека мажите, исто како и жените, мора да бидат реалистични. Физичката форма во која бев за ‘Baywatch’ не беше одржлива. Не бев среќен живеејќи на начинот што ме доведе до тоа. Денес, му придавам многу поголемо значење на моето ментално здравје“, објасни тој.







