Кејт Мидлтон повторно воодушеви со својот стил на Вимблдон. Таа избра фустан кој зрачи со чиста елеганција и женственост.
Кога ќе го споменеме Вимблдон, веднаш помислуваме на прекрасната принцеза Кејт Мидлтон, која се појавува во финалето на тенискиот турнир и излегува на теренот за да му го врачи златниот пехар на победникот.
И така, овој пат ги воодушеви модните експерти со својот беспрекорен фустан. Чехинката Линда Носкова е овогодинешна победничка во женскиот сингл, а главната награда ѝ ја врачи принцезата од Велс.
За оваа пригода, Кејт одлучи да носи фустан кој зрачи со чиста елеганција, атрактивен црвен фустан од Роланд Муре.
Фустанот има класичен крој и минималистички пеплум, а ременот не треба да се изостави, што му даде на овој монохроматски фустан женствен шмек. Го истакна нејзиниот струк и витко тело.







