(Фото/Видео) Некои ја нарекуваат божица, други велат дека го уништила својот изглед: лицето на Адријана Лима го подели светот

Адријана Лима повторно стана тема на јавна дискусија – не поради нејзината прекрасна фигура и етерична убавина, туку поради нејзиното лице, кое кај многумина предизвика загриженост.

Адријана Лима гордо ја носи титулата една од најубавите жени во светот и модел со извонредна убавина. Не е тајна дека таа е омилен „ангел“ на „Викторијас сикрет“ кој со години го фасцинира светот, особено за време на модните ревии кога ги шири своите крилја и самоуверено чекори по пистата. Неодамна таа се појави на еден настан во Мадрид, оставајќи ги сите присутни без зборови.

Лима присуствуваше на Модната недела во Мадрид, облечена во едноставен црн фустан што ја истакнуваше нејзината витка фигура. Дизајнот вклучуваше отворен грб и црни прерамки кои му даваа заводлива нота на целокупниот изглед. Сепак, фокусот беше ставен на нејзиното лице, кое – судејќи според коментарите на социјалната мрежа X – предизвика поделени реакции во јавноста.

Додека некои пишуваат дека таа изгледа нереално и „поубаво од кога било“, друга група критичари тврди дека таа е „непрепознатлива“ и дека „претерала со козметичките зафати“.

„45-годишната Адријана Лима изгледа како да има 20 години“, „Конечно се врати. Изгледа како божица“ и „Таа е прекрасна“ беа само дел од позитивните коментари.

Други, пак, напишаа: „Треба да открие што точно направила“ и „Ја нема веќе старата Адријана; која е оваа?“

Scroll to Top