Латино дивата Џенифер Лопез се појави во емисијата „Today“ со својот колега Брет Голдштајн, со кого напорно работи на промоција на комедијата „Office Romance“.
Популарноста на целиот проект можеби придонесе и потенцијалната врска меѓу Џеј Ло и Брет, за која се шпекулираше со недели, но до денес немаше потврда. Шпекулациите во медиумите беа дополнително поттикнати од нивното однесување на црвениот тепих…
„Нема ситуација каде што сум видена со некого или работам со некого, а да не се обидат да ме спојат со таа личност“, се пожали Џеј Ло.
„Мислам дека тоа се случува ако само стоиш блиску до неа. Затоа стојам толку блиску цело време“, додаде Брет, но водителката не беше задоволна од одговорот.
@tmz Jennifer Lopez’s flirtation with Brett Goldstein is just movie magic and nothing more … at least that’s what she told Savannah Guthrie. 🎥: NBC
Кога водителката рече „тоа не е одговорот“, Џенифер Лопез го изгуби трпението и веднаш реши да стави крај на сите шпекулации.
„Како тоа не беше одговорот? Тоа беше одговорот. Ме наместија со сите. Оваа година бев „со“ Кевин Костнер и со многу други луѓе. Тоа се случува постојано, но не сме во врска“, заклучи Џеј Ло.
Освен што конечно ја реши мистеријата на својот љубовен живот, Џеј Ло блесна и на премиерата на комедијата во Њујорк кога се појави во фустан со најдлабоко деколте досега.
За тој црвен тепих, латино дивата носеше тесен фустан украсен со цветни мотиви во комбинација со полежерна пунџа и провокативно деколте.
Високи платформи во боја на шампањ надополнија сè, а многумина се согласија дека е вистинска штета што Џеј Ло е сè уште слободна.







