(Фото/Видео) Облините на Ријана повторно во центарот на вниманието

Ријана напорно работи на секоја нова колекција, а истовремено ги воодушевува обожавателите со провокативни фотографии од својот задник.

Познатата пејачка Ријана се залага за малку повеќе драматичност во фиоката со долна облека.

За есенската сезона, „Savage X Fenty“ ја претставува „Piccadilly Lace“ – нова колекција на долна облека од црна тантела која ја истакнува потемната, поромантична страна на овие парчиња.

Самата Ријана е заштитно лице на кампањата, а колекцијата вклучува корсет од тантела, градник, гаќички и танга-гаќички, сите во класична црна боја.

Таа се покажа како идеален промотор на оваа колекција во неодамнешната рекламна кампања.

Парчињата внесуваат заводлива нота во секојдневната долна облека, одликувајќи се со нежна тантела и минималистички кроеви, дизајнирани да изгледаат одлично и кога дискретно ѕиркаат под облеката, и кога се носат само за сопствено задоволство.

Облините на Ријана повторно беа во центарот на вниманието, а никој не може да го занемари фактот дека убавицата од Барбадос се има породено три пати.

На социјалните мрежи набрзо почнаа да пристигнуваат позитивни коментари за нејзиниот изглед.

„Нестварна си“, „Најсекси мама се врати“, „Од твоите фотографии ми се тресат нозете“, „Какви облини“ и „Ова е најсекси колекцијата“ беа само дел од реакциите.

Scroll to Top