(Фото/Видео) Сите гледаат во лицето на Мет Дејмон: човекот изгледа помладо – како е тоа можно?

Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана Баросо се појавија на настан во Лос Анџелес, каде што младоликиот изглед на славниот актер го привлече вниманието на јавноста.

Мет Дејмон веќе некое време го привлекува вниманието на светската јавност – а се започна со филмот „Одисеја“ и неговите бројни премиери ширум светот.

Во тоа време, актерот многумина ги воодушеви со својот нов изглед, особено со долгата брада што придонесе да стане миленик на жените.

Сепак, се чини дека тој одлучил да го затвори тоа животно поглавје, претставувајќи нов изглед на настан во Лос Анџелес.

Мет и неговата убава сопруга Лусијана Баросо присуствуваа на премиерата на филмот „Animals“ на Нетфликс, одлучувајќи се за класична елеганција за таа пригода.

Додека сопругата на Мет носеше црвен костим што ја следеше линијата на телото, искомбиниран со бела маичка, актерот избра малку похрабар стил. Наместо класичен црн костим, тој носеше кафеава комбинација што ја истакна неговата фигура.

Како што може да се забележи, Мет ја скратил брадата за премиерата, целосно трансформирајќи го својот изглед. Тој изгледа многу помладо, па малкумина би претпоставиле дека славниот актер има 55 години.

Scroll to Top