(Фото/Видео) Таа е секси, славна и харизматична, а висока е помалку од 160 сантиметри – „убива“ како изгледа

Оваа омилена „џебна“ Венера неодамна прошета по модната писта, оставајќи ги сите без зборови. Таа прикажа сензуален изглед и самоуверен од.

Модната недела во Париз сè уште трае, а ревијата на „L’Oréal“ ги собра славните заштитни лица на брендот. Покрај Хајди Клум, која блесна на сцената, вниманието на јавноста го привлече уште една убавица – која вообичаено не е дел од светот на манекенството: актерката и режисерка Ева Лонгорија. Таа ги привлече погледите на светот со својата природна харизма и впечатлива појава.

За овој посебен настан, таа избра црн комбинезон што ја истакна нејзината завидна фигура.

Изгледот го надополни со златни модни додатоци, внесувајќи допир на модерен гламур во оваа едноставна комбинација, како и – секако – со високи потпетици што ја издолжија нејзината витка силуета.

Стилот го заокружи со брановидна фризура, постигнувајќи лежерен и ненаметлив изглед, додека шминката во неутрални тонови ја истакна нејзината природна убавина и цртите на лицето.

Scroll to Top