Чешката манекенка Ева Херцигова и италијанскиот бизнисмен Грегорио Марсијај конечно ја официјализираа својата врска.
Ева Херцигова и Грегорио Марсијај се во врска 25 години, според извештаите на странските медиуми, но се чини дека вљубените дури сега биле подготвени да се венчаат.
Тие се венчаа во Торино, Италија, а фотографиите од овој голем настан се проширија низ интернет.
53-годишната невеста блескаше во бохо венчаница од француската куќа Ланвин. Својот стил го надополни со високи потпетици со машна, а кога стануваше збор за фризурата, се одлучи за класична пунџа што ја нагласуваше нејзината убавина.
Што се однесува до младоженецот, тој избра класично црно одело надополнето со сива вратоврска.







