Кристина Агилера предизвика вистинска возбуда на еден настан во Западен Холивуд. Нејзината модна комбинација беше веројатно главната тема на вечерта.
Кристина Агилера неодамна присуствуваше на вечерна забава во Западен Холивуд, организирана од здравствената платформа MISTR.
За таа пригода, таа се одлучи за смела комбинација што ја истакна нејзината фигура, а истовремено ги потсети многубројните обожаватели на нејзината славна ера на храбри модни избори.
Таа избра впечатлив изглед: проѕирно црно боди од тул со кадифени мотиви во форма на крст.
Под него носеше црн чипкаст градник, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни гаќички со висок струк и жартери што се спуштаа по нејзините нозе.
Изгледот го заокружи со високи чизми од велур, брановидна фризура и впечатлива шминка во темни тонови.
Комбинацијата беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни изданија по кои пејачката беше позната во раните 2000-ти години.







