(Фото) Вистински хит е ова лето и есен: Боја на коса што изгледа елегантно и природно

Доколку сакате промена во вашата фризура, но не сакате драстично шишање или сосема нова боја, постои тренд кој би можел да биде совршен избор за вас.

Светот на убавината и модата го освои tortoiseshell коса, односно боја која носи топлина, сјај и мултидимензионален изглед кој изгледа природно, а воедно привлекува и внимание.

Tortoiseshell ефектот вклучува мешање на топли тонови како темно чоколадо, карамела, мед, килибарни и бронзени нијанси, кои се спојуваат во богата боја со прекрасен сјај.

Резултатот е коса која изгледа како природно да е осветлена на сонце, но има многу полуксузен и софистициран изглед.

Најубавиот ефект се постигнува со техниката балајаж, каде што посветлите и потемните тонови се внимателно комбинирани за да се даде длабочина и димензија на косата.

Фризерите обично препорачуваат топли нијанси кои се прилагодуваат на природната боја и тен на косата, а прамените може да се нанесат низ целата коса или само на врвовите за подискретен ефект.

За бојата навистина да дојде до израс, сјајот на косата е клучен. Затоа е важно по боењето да користите производи кои ја негуваат косата и го зачувуваат сјајниот изглед на бојата.

Scroll to Top