(Фото) Додека се уште е во кавга со семејството, тој слави со својата сакана

Бруклин Бекам и Никола Пелц ги обновија своите брачни завети пред една година, а сега ја слават годишнината од тој животен момент. Бруклин објави фотографија со сопругата на својот Инстаграм, а објавата беше придружена со емотивна порака.

Истата фотографија ја објави и Никола, а на неа се гледаат вљубените како пијат вино и уживаат во моментот.

Судејќи според фотографиите, двојката беше решена да носи лежерни модни комбинации и да му подари увава насмевка на тој што ги фотографирал.

„Среќна годишнина, Никола, не можам да ти кажам колку те сакам. Ти си мојот најдобар пријател и те сакам повеќе од сопствениот живот. Среќен сум што можам да те наречам ‘сопруга’ и ти си мојата принцеза. Ветувам дека секогаш ќе те штитам“, заклучи тој.

Бруклин и Никола ги обновија своите брачни завети на 2 август минатата година. Извор близок до двојката во тоа време изјави за списанието People дека сакаат да ја прослават љубовта и врската што ја изградиле низ годините.

Додека љубовта меѓу двајцата цвета, примарното семејство на Бруклин се бори да го одржи својот јавен имиџ по уште еден скандал што им го предизвика.

Scroll to Top