(Фото) Ева Лонгорија уште еднаш покажа зошто е една од најстилските жени во Холивуд.

Прославената актерка Ева Лонгорија, најпозната на домашната публика по улогата на Габи Солис во серијата „Очајни домаќинки“, редовно воодушевува со своите модни изданија.

Популарната „џебна Венера“ не може да остане незабележана, без разлика што носи. А овој пат предизвика мал хаос кога прошета по улиците на Њујорк во навидум обична облека.

Ева беше фотографирана од папараците додека одеше на снимањето на емисијата „Лејт најт со Сет Мејерс“ и за таа пригода избра, на прв поглед, едноставен бел фустан. Актерката секогаш ги следи трендовите, па сега прошета и во модерен крој што често можеме да го видиме кај познатите дами.

Горниот дел од фустанот е тесен до телото и има ролка и кратки ракави, додека долниот дел продолжува во додаток од тил што се шири.

Сепак, сето ова не привлече толку внимание како фактот што Ева немаше ништо на себе под фустанот.

Таа го комбинираше ова провокативно модно издание со бели чевли, додека за накит додаде спектакуларни златни обетки и насмеано позираше за сите фотографи.

фото: принтскрин

Scroll to Top