Голманот на Нигерија, Мадука Окоје, стана вирален на социјалните мрежи на самиот почеток на Светското првенство, но не поради неговиот фудбал, туку поради неговиот изглед. На Мадука му требаа само неколку минути да се најде во кадарот за време на пријателскиот натпревар со Португалија, а потоа се појавија неговите провокативни објави на мрежите…
Вистински хаос предизвика овој фудбалер кого некои веќе го прогласија за најзгоден иако неговата репрезентација не се квалификуваше за Светското првенство.
Жените му напишаа во коментарите дека е фатален, а неговите фотографии станаа главна тема. Тој е толку вирален што мажите мораа да „интервенираат“, па некој коментираше дека овие објави треба да се избришат што е можно поскоро, пред нечија сопруга да ги види.
Објавата на која Мадука е без маица, за јасно да се види како изгледа, има најмногу реакции, а неговите најлојални фанови велат дека ова не е прв пат тој да стане опсесија за жените ширум светот.
„Само не дозволувајте жените од Африка да го видат ова“, напиша некој.







