Актерката Џесика Алба неодамна официјално се разведе од сопругот Кеш Ворен, со кого има три деца. Откако се раздели од поранешниот маж, актерката со своите објави брзо стана главна тема на социјалните мрежи, но и си најде ново момче, Дени Рамирез.
Алба отиде на романтичен викенд со него за Денот на вљубените и сподели неколку фотографии. На една слика, Рамирез ја прегрнува актерката, додека на друга, таа држи картичка со црвено срце.
Друга фотографија од патувањето ја покажува Џесика како позира во огледалото во црно-бело бикини со пруги.
Jessica Alba Shares Photos from Miami Vacation with Boyfriend Danny Ramirez https://t.co/FclsZ4hYMD
— Fernando Castro (@smartbue) February 22, 2026
Актерката веќе некое време се појавува на секој настан со Рамирез, а покрај тоа, нејзините фотографии од бикини се неверојатни. Многумина заборавија дека актерката има околу 40 години. Минатата недела, 44-годишната Алба го привлече вниманието кон себе додека беше на плажа во Мајами. Нејзиното згодно тело повторно стана главна тема.
Џесика Алба официјално го финализираше разводот од Кеш Ворен (47) на 13 февруари, откако поднесе барање за развод во јануари 2025 година по 17 години брак.
Jessica Alba and Danny Ramirez in a newly shared photo. pic.twitter.com/zWUDySDoim
— Nerd Talks (@NerdTalksShow) February 22, 2026
Поранешната двојка има три деца заедно – 17-годишната Онор, 14-годишната Хејвен и 8-годишната Хејс.
По разделбата, Алба беше поврзана со Рамирез откако беа видени како се бакнуваат за време на дневна прошетка во лондонскиот парк Риџентс Парк исполнет со цвеќиња во мај 2025 година.







