Иако ова не е првпат да се одлучи за драстична промена на изгледот, Џан Јаман повторно ги изненади милионите обожаватели ширум светот. Погледнете го неговиот нов изглед.
Џан Јаман (36) – еден од најпопуларните турски актери, кој веќе некое време живее и работи во Рим поради бројните проекти што го поттикнаа да се пресели од родниот Истанбул – го промени својот изглед и на социјалните мрежи откри голема трансформација.
Оваа значајна промена во изгледот и стилот е предизвикана од нова улога; актерот, кој важи за миленик на публиката и претходно беше препознатлив по долгата коса и лежерниот стил, сега изгледа сосема поинаку. Со кратка коса и избричено лице, тој претстави две различни изданија.
На првата фотографија позира лежерно во маслинесто-зелена маица и со разбушавена коса, додека на другата изгледа многу посериозно – со очила, елегантна облека и залижана коса – сето тоа за неговата нова улога на адвокат во комедијата од осум епизоди насловена „BRO“.
Третата фотографија ја прикажува прославата по повод завршувањето на снимањето; Џан работеше на овој проект уште од крајот на јули.
Според сите најави, серијата наскоро треба да излезе и ќе се емитува ексклузивно на платформата за стриминг „Amazon Prime Video“.







