(Фото) Најубавата жена на светот се соблече во бикини и покажа зошто е најубава

Бела Хадид објави компилација од фотографии на Инстаграм, а вниманието на јавноста го привлече нејзината нереална убавина и исончаниот тен.

Моделот Бела Хадид ужива во животот откако раскина со згодниот каубој Адан Бануелос. Таа се посвети на својата благосостојба и не е тајна дека сега често патува на егзотични дестинации за да го врати својот мир. Покрај тоа, таа е активна на социјалните мрежи, каде што редовно ги информира своите обожаватели за нејзините најнови животни потфати.

Неодамна објави компилација од фотографии, а покрај нереалните снимки од природата, вниманието го привлекоа и оние во кафеаво бикини. Бела гордо позираше во костим за капење за да промовира производи за убавина од нејзината колекција „Орабела“, а можеби и нејзината нереална убавина.

Коментарите од обожавателите само се нижеа, а многумина ѝ кажаа едно – дека таа е, навистина, една од најубавите жени во светот.

Scroll to Top