(Фото) По проѕирниот фустан, таа се облече во чист гламур – и сè уште е убава

Актерката Кејт Хадсон веќе некое време го промовира филмот „Song Sung Blue“. Неодамна нè воодушеви во син проѕирен фустан, а сега го промени и својот моден наратив.

Таа присуствуваше на уште една премиера на гореспоменатиот филм во Лондон, а холивудскиот заводник Хју Џекмен беше нејзино друштво на црвениот тепих.

Фотографиите од настанот го обиколија светот, а расположението на актерите за време на фотосесијата привлече посебно внимание. Имено, тие беа насмеани цело време и не дозволија другите да им го расипат моментот.

И додека Хју, како господин кој ретко отстапува од воспоставените модни правила, носеше класичен црн костум, неговата партнерка за оваа вечер избра фустан кој кажува многу.

Имено, Кејт блескаше во нежна креација од Стела Мекартни која ја следи линијата на телото. Фустанот е дел од есенската колекција 2025, а се одликува со интересни цветни детали и сина чипка.

Со ова издание, актерката докажа дека дискретните фустани, кои не откриваат делови од телото, ѝ одговараат подеднакво добро како и облеките што предизвикуваат воздишки.

Стајлингот го надополни со едноставна фризура и шминка во земјени тонови кои само малку ги истакнаа нејзините природни црти на лицето.

фото: принтскрин

Scroll to Top