(Фото) Сидни Свини се појави „облечена“: „Ова е премногу облека за неа“

Сидни Свини се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и целосно изненади со сведениот изглед, што никој не го очекуваше од неа.

Провокативната актерка Сидни Свини изгледаше како вистинска русокоса со фатален изглед кога се појави во Венеција за време на познатиот Филмски фестивал.

Актерката од серијата „Еуфорија“, која има 28 години, го напушти хотелот во секси бел фустан без прерамки, кој го истакнуваше нејзиното препознатливо деколте.

Класичната силуета ја надополни со бели чевли со ниска потпетица и дизајнерски очила за сонце со кафеави леќи.

Сидни носеше кафеава кожна чанта со златни детали, кои се совпаѓаа со синџирчето околу нејзиниот врат. Ѓерданот беше изработен по нарачка и на него имаше букви SB, што очигледно беше почит кон нејзиното озлогласено момче, Скутер Браун (45).

Интересно е што овој пат тој не беше со неа, иако тие се претежно неразделни од почетокот на нивната врска, и покрај сите негативни коментари што ги следеа.

Ова нејзино издание веднаш предизвика лавина од коментари на мрежите, сите беа изненадени токму поради фактот што Сидни е една од најпровокативните холивудски убавици, а сега беше повеќе од одмерена.

„Ова е премногу облека за неа“, „Можеби не треба да ја соблекува кога нејзиното момче не е таму“, „Конечно нешто пристојно од неа“, беа само дел од коментарите.

Scroll to Top