Шон Пен си запали во сала на Златните глобуси (ФОТО)

Актерот Шон Пен бил снимен како пуши цигара во салата за време на Златните глобуси, иако пушењето таму е забрането. 65-годишниот актер запалил цигара на масата во хотелот „Беверли Хилтон“, каде што седел покрај Леонардо ДиКаприо.

На фотографиите се гледа дека ги гасел опушоците во празна чаша. Според Венити фер, другите гости барале надворешен простор за пушење, додека Пен пушел директно во салата, на својата маса.

Новинарот Бен Фриц објави фотографија од Пен со ДиКаприо и Кејт Хадсон, со коментар дека тоа „не може да биде легално“. На социјалните мрежи следеа шеги и забелешки дека Пен е познат пушач и дека „ако си Шон Пен, можеш сѐ“.

Пен бил и мета на воведните шеги на водителката Ники Глејзер, кои тој ги прифатил со смеа. Ова не е првпат актерот да ги игнорира правилата за пушење – претходно пушел и во интервју со Стивен Колбер во 2018 година, како и на Филмскиот фестивал во Маракеш во 2024 година.

Scroll to Top