Холивудската ѕвезда Тери Хачер, позната по серијата Очајни домаќинки, во ново интервју изјави дека никогаш не се подложила на естетска операција, иако призна дека не ја исклучува можноста во иднина.
Во подкастот „Д Скини Конфиденшл Хим енд Хер Шоу“ таа истакна дека ѝ пречи неискреноста на познатите жени кои тврдат дека не направиле ништо, а очигледно имаат естетски зафати.
„Кога славните лажат, сите други се чувствуваме лошо“, рече актерката, додавајќи: „Да се биде жена е тешко, стареењето е тешко.“
Хачер објасни дека нејзиното решение за стареењето е „внатрешна работа – интелектуална и емоционална“, а не пластична хирургија.
Таа се осврна и на двојните стандарди во Холивуд: „Светот е поблаг кон стареењето на мажите. Тие и на 70 изгледаат како ’најсексапилни живи луѓе‘, а жените постојано се под лупа.“







