Мишел Ритер (31), поранешна партнерка на поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит (70), го обвини за злоупотреба, прогонување и токсична машкост, барајќи забрана за приближување.
Во тужбата, поднесена во декември 2024 година, Ритер – дипломирана на Правниот факултет на Колумбија – тврди дека Шмит ја надгледувал дигитално, ѝ го ограничил пристапот до нејзиниот стартап Steel Perlot, во кој тој вложил 100 милиони долари, и дека не можела да оствари ниту еден приватен повик или е-пошта без надзор, пренесе „Индекс“.
Ритер и Шмит биле во врска од 2021 до 2024 година.
Шмитовите адвокати ги нарекоа обвинувањата „лажни и злоупотреба на судскиот систем“. Новото рочиште е закажано за 4 декември во Лос Анџелес.







