Џорџина Родригез наводно официјално ги посвои трите најстари деца на Кристијано Роналдо, само една недела откако двојката се венча.
Според португалските медиуми, Родригез ги посвои Кристијано Роналдо Џуниор и близнаците Ева Марија и Матео. Се верува дека целиот процес е спроведен подалеку од очите на јавноста за да се заштити приватноста на семејството.
Покрај нив, Роналдо и Џорџина имаат две ќерки, деветгодишната Алана и четиригодишната Бела Есмералда. Шеснаесетгодишниот Кристијано Роналдо Џуниор е најстарото дете на фудбалерот, а идентитетот на неговата мајка никогаш не е јавно откриен. Деветгодишните близнаци Ева и Матео се родени од сурогат мајка.
Веста доаѓа само една недела откако Роналдо (41) и Џорџина (32) се венчаа на нивната десетгодишнина.
Церемонијата беше интимна и се одржа во нивната вила на португалскиот брег. Присутни беа само децата и четворица сведоци.
фото/ЕПА







